• Горан Упале

Апсолутно лудило - вака најдобро се опишува она што се случи доцна синоќа на еден од најпознатите француски стадиони.
Повеќе од две децении навивачите на Нант чекаат финале и конечно дочекаа. Францускиот клуб од славно минато ќе се бори за трофејот во Купот на Франција. По возбудлив и драматичен натпревар, кој беше решен по изведувањето на пеналите (2-2 во регуларниот тек), Нант успеа да го нокаутираат Монако, по што следуваше апсолутна инвазија на навивачи.
Теренот на „Стад де ла Божуар“ за неколку секунди се претвори во мравјалник. Повеќе од 10.000 навивачи излегоа на теренот да ја прослават големата победа.
За Нант ова е деветто финале во Купот на Франција. Загуби пет финалиња, а победи на три, последно во 2000 година. Во финалето следниот месец ќе игра против Ница.