ВИДЕО: АПОЕЛ и Ајакс без голови, гостински победи за Бриж и Славија Прага

Со две гостински победи, едно реми и само два постигнати гола стартуваше последниот филтер од квалификациите за елитата на фудбалска Европа, Лигата на шампионите. 

Иако се очекуваше да биде дерби на вечерта и натпревар кој ќе биде најнезивесен, екипите на АПОЕЛ и Ајакс тотално ги разочараа своите фанови и одиграа непопуларно реми во Никозија, 0-0. 

Холандскиот гигант важеше за фаворит на овој натпревар, но само на хартија, затоа што на терен е успеа да го пронајде лекот за борбените кипарски фудбалери. Нерес и Ван Де Бик ги имаа најзрелите шанси за гостите од Амстердам, додека кај домаќините нереализирани прилики имаа Ал-Тамари и Лукас. Ајакс мечот го доигра со играч помалку, откако во 80. минута исклучување заработи Марзау. 

  • АПОЕЛ - Ајакс:

За разлика од натпреварот во Никозија, на останатите два во Романија и Австрија беа постигнати по еден гол, а Славија Прага го изненади домашниот тим на Клуж (0-1), додека Линц беше немоќен против белгиски Бриж (0-1).

  • Ласк Линц – Клуб Бриж 0-1

  • Клуж – Славија Прага 0-1