• Горан Упале

По една од најлошите сезони во изминатите две децении, играчкиот кадар на Челзи летово е тотално променет, а меѓу играчите кои го напуштаат клубот е и Хаким Зијеч. Мароканецот ги договори сите услови со Ал-Наср, но кога се чекаше официјалната потврда, се појави информација дека сè пропаднало, а наводно Зијеч бил најголемиот виновник.
Искусниот офанзивец пред неколку дена ги договори сите услови со Ал-Наср и требаше да им се приклучи на Роналдо и друштвото, но се чини дека трансферот пропадна. Кога Ал-Наср очекуваше Зијеч да дојде на лекарски прегледи и официјално да го потпише договорот, добија изненадувачка порака од Мароканецот кој наеднаш ја промени приказната.
#عاجل | #النصر يصرف النظر عن التعاقد مع المغربي #حكيم_زياش ويوقف المفاوضات بسبب عدم الاتفاق على بعض البنود.
(من: @k7aled_otb)
— الرياضية - عاجل (@ariyadhiah_br) June 29, 2023
Медиумите од Саудиска Арабија пишуваат дека Зијеч наместо да дојде на лекарски прегледи, им рекол на челниците на Ал-Наср дека не е задоволен од условите кои му се нудат, иако само неколку дена претходно се согласил со нив. Очигледно е зголемен апетитот за пари кај фудбалерот и порача дека сака поголема плата, а клубот треба да испрати нова понуда. Договорено било плата меѓу 12 и 13 милиони евра годишно, но очигледно е премалку за Мароканецот кога сфати колку пари добиваат останатите играчи.
Челниците на Ал-Наср се разочарани и изненадени од ваквото однесување на играчот во кој вложија многу време и ресурси за да го доведат, а на крајот, кога требаше сè да биде завршено, бара повеќе пари.