Сензација во Лига 1: Анжер го „скрши“ фаворитот Лил (ВИДЕО)

Екипата на Анжер приреди изненадување против фаворитот Лил во рамките од 30. коло на француската Лига 1. Последнопласираниот тим успеа да слави со минимални 1-0 (0-0), со гол постигнат во самата завршница на натпреварот. 

Во првото полувреме Лил беше малку поконкретен и имаше неколку солидни прилики за гол, но домашната дефанзива беше на ниво и ги запираше налетите на гостинскиот состав. И Анжер упати три удари кон голот на Лил, но мрежите мируваа по истекот на првите 45 минути. (0-0). 

Вториот дел донесе подинамичен фудбал, но сериозните шанси за погодок изостануваа. Анжер се обиде да се закани преку Батиста Менди, но неговиот удар беше одбранет од гостинскиот голман Шевалие. Лил се закани уште двапати и го имаше поседот на топката кој изнесуваше нешто над 60%, но сепак Анжер успеа да ги израдува домашните навивачи со доцниот гол кој беше дело на Халид Шабановиќ во 84. минута. 

Лил се обиде да притисне и до крајот се закани уште еднаш, но на крајот фаворитот се враќа дома со „празни раце“ и големо разочарување по поразот од „фенерџијата“ во францускиот шампионат. (1-0). Останува впечатокот дека Лил можеби беше и за нијанса поблиску до победата, но уште еднаш се потврдува фактот дека фудбалот е непредвидлив и не секогаш подобриот тим стигнува до триумфот. 

Анжер стаса до третата сезонска победа, но останува на последната позиција на табелата и сега има 14 бодови, додека Лил загуби важни бодови во трката за пласман во евро-куповите и се наоѓа на петтото место со 52 бодови. 

Состави

Alexandre Dujeux

5-3-2

    Paulo Fonseca

    4-2-3-1