Антовски заминува од Загреб и ќе напредува во Австрија Виена

Младиот македонски фудбалер Филип Антовски ќе се пресели во екипата на Австрија Виена. Тој ги задоволи очекувањата на австрискиот гигант на пробата на која се појави неодамна.

20-годишникот си заминува од редовите на Динамо Загреб и ќе му се приклучи на новиот тим на пријателските мечеви против Копер и Тузла во наредниот период.

„Чест ми е што сум дел од еден од најдобрите клубови во Австрија кој има толку многу историја и традиција. Можам да ветам дека ќе дадам сè од себе за екипата секоја минута кога ќе играм. Многу сум среќен што отсега сум дел од ова семејство“ , изјави Антовски.

Левиот бек е младински репрезентативец на Македонија и важи за голем талент.