• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец Филип Антовски се врати во Австрија и ја прекина позајмицата во Истра.
Левиот бек кој има 22 години беше на позајмица во хрватскиот клуб од месец јуни, а одигра 11 натпревари за Истра, но главно влегуваше од клупата за резерви. Македонецот сега пак се врати во Австрија Виена, клубот во кој е во сопственост.
Антовски е дел од Австрија Виена од 2021 година кога се пресели во тимот од Динамо Загреб 2. Претходно, тој играше и за Славија Софија и Вардар.