• Зоран Мишевски
Напаѓот на Вест Хем Јунајтед, Мајлл Антонио изјави дека е целосно уверен дека повторно ќе игра фудбал, бидејќи заздравува од тешката сообраќајна несреќа. На 7 декември, во влажен и ветровит ден, Антонио удри со своето Ферари во дрво во близина на Лондон, а во несреќата ја скрши бутната коска на четири места.
Репрезентативецот на Јамајка, кој овој месец наполни 35 години, неодамна отиде да ги види остатоците од својот автомобил.
„Имав чудно чувство во стомакот. Ме натера да сфатам колку сум блиску до смртта. Најтешко ми беше поради моите деца. Но, сето тоа ме прави позитивен и среќен, бидејќи добив уште една шанса за живот. Убеден сум дека повторно ќе играм фудбал", рекол Антонио.
Тој исто така рече дека лекарите му рекле дека закрепнувањето ќе трае од шест до дванаесет месеци. Антонио одигра повеќе од 300 натпревари за Вест Хем, откако пристигна во 2015 година од Нотингем Форест.