Антонио Конте е мајстор за создавање на шампиони

Антонио Конте се врати во фудбалот, го презема Интер и во првата сезона успеа да го направи шампион, нешто што делуваше како незамисливо за „нераѕурите“ поради десетте сушни години.

Последен пат Интер се радуваше на лигашки трофеј во 2010 година, а оттогаш не беше ниту близу до шампионскиот врв. Но, оваа година сонот на навивачите стана реалност и Антонио Конте го направи Интер шампион.

Италијанскиот стратег е мајстор за создавање на шампиони. Зошто? Покрај тоа што го направи со Интер, претходно, носеше тимови до трофеј и во претходните два наврати и тоа откако имале катастрофални сезони.

Прво тоа беше со Јувентус. Во сезоната 2010/11, Јувентус заврши седми. Конте го презеде тимот и го однесе на шампионскиот врв. Потоа, случај беше со Челзи. Во сезоната 2015/16, „сините“ завршија десетти, а следната година под водство на Конте станаа прваци.

Успехот на Антонио Конте во Интер е проследен и со ангажманот на Бепе Марота, човекот кој пристигна во управата и делуваше во сенка околу формирањето на тимот.