Антонио Каланоски пред потпис со струмичка Брера

Искусниот напаѓач Антонио Каланоски по крајот на сезоната замина од редовите на Силекс

30-годишникот е близу до потпис со струмичка Брера, која е во потрага по напаѓач за новата кампања. Каланоски има огромно искуство и многу клубови во мак-фудбалот зад себе. Својата трета етапа во Силекс ја мина солидно, бидејќи Каланоски одигра 31 натпревар во ПМФЛ и постигна девет погодоци. 

Освен за Силекс, во својата кариера Антонио Каланоски беше дел од Охрид, Металург, Локомотива, Напредок, Еуромилк, Младост Царев Двор, Силекс, Борец, Струга, Победа, БеласицаШкупи и Гостивар.

Сега Каланоски е пред целосен договор и промоција во редовите на Брера која би била четиринаесетти негов клуб во мак-фудбалот.