Антонио Каланоски и Брера спогодбено го раскинаа договорот

Антонио Каланоски е слободен агент, откако спогодбено го раскина договорот со Брера Струмица. 

30-годишниот напаѓач летово ја засили Брера по една сезона во Силекс и се очекуваше да придонесе повеќе во играта на тимот. Каланоски одигра 14 натпревари за струмичани и остана без учинок на нив. Сега на две кола пред крајот на есенската полусезона искусниот фудбалер и Брера се договорија да ја прекинат соработката и тој ќе побара нова средина зимава. 

Во својата кариера Каланоски освен за Брера и Силекс настапуваше за Гостивар, Шкупи, Беласица, Победа, Струга, Борец, Царев Двор, Еуромилк Горно Лисиче, Напредок, Металург, Локомотива и Охрид.