• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Антонио Илиески ќе има нов клуб во новата сезона затоа што си замина од албанскиот суперлигаш Кукс.
26-годишниот стопер пристигна во екипата во месец јули 2022 година, но по една година договор, ќе бара нов предизвик. Информацијата за заминувањето на Илиески од Кукс ја потврдија и од клубот, од каде му посакаа среќа во кариерата.
Стоперот дојде во Кукс од екипата на Ренова и тоа за него беше прв ангажман во странство. Покрај за албанскиот тим, Илиески играше и за Ренова, Кораб, Тиквеш, Гостивар, Македонија ЃП и Еуромилк.