Антонио Илиески останува во Албанија, ќе игра за Фљамуртари

Македонскиот стопер Антонио Илиески си замина од Кукс, но не ја менува Албанија затоа што потпиша за Фљамуртари.

26-годишниот стопер последниот ангажман го имаше во Кукс, каде пристигна во месец јули 2022 година, но по една година договор, двете страни се разделија. Брзо по разделбата дојде официјализација на договорот со Фљамуртари.

Стоперот дојде во Кукс од екипата на Ренова и тоа за него беше прв ангажман во странство. Покрај за албанскиот тим, Илиески играше и за Ренова, Кораб, Тиквеш, Гостивар, Македонија ЃП и Еуромилк.