Антонио Илиески е ново засилување за косовскиот Феризај

Македонскиот фудбалер Антонио Илиески официјално е нов играч на косовскиот прволигаш Феризај. Информацијата ја потврдија од клубот и му посакаа добредојде на 28-годишниот дефанзивец од кого се очекува да биде солидно засилување за остатокот од сезоната. 

Илиески пристигнува од редовите на Воска Спорт, а претходно настапуваше за Ренова, Фљамуртари и албанскиот Кукеси. 

Новиот клуб на Илиески во моментов има 20 бода на првенствената табела, кои го сместуваат на осмата позиција во најдобриот шампионат на Косово