ВИДЕО: Антони се посрамоти, па даде ЕВРОГОЛ – но Ојарзабал го шокира Бетис!

Екипата на Бетис прокоцка голема шанса да направи крупен исчекор кон пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. „Зелените“ од Севиља во последниот денешен натпревар од Примера во самиот финиш испуштија водство од 0-2 и од гостувањето кај Реал Сосиедад се враќаат со само еден бод – 2-2. 

  • Извештај од натпреварот:

Централна фигура во првото полувреме во Баскија беше најголемото промашување на Манчестер Јунајтед во поновата историја – Антони.  Бразилскиот ас на самиот старт се посрамоти откако шутираше катастрофално од зицер позиција, но потоа се искупи и постигна ЕВРОГОЛ за водство на Бетис од 0-1. 

Во второто полувреме Езалзули донесе 0-2 за Бетис, но ниту тоа не беше доволно за четвртфиналистот во Лигата на Европа. Во самиот финиш домашните фудбалери конечно фатија ритам и со два гола го шокираа противникот. На 1-2 намали Осакрсон, додека во судиското надополнување Ојаразабал беше прецизен од единаесет метри и ги постави конечните 2-2.

На три кола до крајот на сезоната Бетис има четири бода повеќе од Селта Виго, додека Реал Сосиедад со триумфот во Купот на Кралот веќе обезбеди учество во Лига Европа.