• Саше Љолес
Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, ја продолжува кариерата во Мексико, каде ќе настапува за екипата на Унам Пумас.
Францускиот фудбалер заминува од грчкиот АЕК, каде повеќе ја грееше клупата, отколку што беше во почетниот состав.
Искусниот офанзивец ќе го раскине договорот со атинскиот клуб и наскоро ќе биде промовиран како нов играч на Пумас, каде очекуваат да биде повеќе од солидно засилување за тимот.
Минатата сезона Марсијал постигна девет голови, но оваа година се мачеше и со неколку помали повреди, поради што беше „прекомандуван“ на клупата за резерви.


