• Мартин Танасковски
Екипата на Челзи ја оствари целта, дома победи минимално над Копенхаген (1-0) и патува во четвртфиналето на Конференциската лига. „Сините“ се со максимален учинок, имаат осум победи на осум европски средби.
- Челзи - Копенхаген 1-0:
Дуелот на „Стемфорд Бриџ“ го реши еден погодок. Тимот на Енцо Мареска го израдува Киран Дјусбери-Хол, кој во мрежата на данскиот претставник успеа да погоди во 55. минута. Покрај двете победи над Копенхаген, Челзи во лигашката фаза ги совлада и Шамрок Роверс, Ноа, Гент, Астана, Хајденхајм и Панатинаикос.
- Виторија Гимараеш - Бетис 0-4:
Во четвртфиналето на Конференциската лига патува шпански Бетис, кој демонстрира моќ на гостувањето кај Виторија Гимараеш (4-0). Играч на натпреварот повторно беше Антони, даде гол и му аситсираше на Иско, а двапати погоди и Бакамбу. Овој тим ќе игра против Јагјелонија, каде игра единствениот преостанат македонски фудбалер во Конференциската лига, тоа е Дарко Чурлинов.
- Фиорентина - Панатинаикос 3-1:
Фиорентина на домашен терен ја надополни негативата од Атина и го совлада Панатинаикос со 3-1, што им носи на „виолетовите“ место во следната рунда на Конференциската лига. Мандрагора, Гудмунсон и Кин погодија за калчолигашот, а за грчкиот тим единствениот гол го даде Јанидис од пенал.
Легија по продолженија го елиминира Молде. Натпреварот заврши со резултат 2-0, а во регуларниот дел беше 1-0. Головите за полскиот тим ги дадоа Моришита и Гуал.