• Саше Љолес
Бразилецот Антони одигра одлична сезона во дресот на Бетис и му помогна на тимот да стигне до финалето на Коференциската лига, но неговата кариера во моментов е на крстопат и не е јасно каде ќе ја продолжи.
Колку и да посакува да го задржи, Бетис едноставно не може да си го дозволи Антони, а во Манчестер Јунајтед е непожелен и се очекува негова продажба за сума многу помала од стоте милиони евра кои „ѓаволите“ му ги исплатија на Ајакс.
За неговите услуги покажаа интерес неколку гиганти како Баерн Минхен, Јувентус и Атлетико Мадрид, но сите ставија до знаење дека не се подготвени да платат повеќе од 35 милиони евра.
Антони минатата сезона во Бетис забележа девет гола и пет асистенции, а претходно ја грееше клупата, или воопшто не беше во составот на Манчестер Јунајтед.