ВИДЕО: Антологиски пресврт на Јунајтед – од 0-2 до луда победа над Рома во ЛШ!

Манчестер Јунајтед приреди голем пресврт и ја совлада Рома со 3-2 (0-2) во возбудлив натпревар на „Олд Трафорд“. Гостите од Рим имаа предност од два гола по првото полувреме, но домаќините во продолжението одиграа многу подобро и со три погодоци стигнаа до победата.

  • Maнчестер Јунајтед - Рома 3-2:

Рома поведе во 11. минута преку Матијас Суле, а само седум минути подоцна Дониел Мален од пенал зголеми на 0-2. Јунајтед имаше тешка задача, но во вториот дел целосно ја презеде иницијативата и започна со офанзива кон противничкиот гол.

Бруно Фернандеш по повторениот пенал во 58. минута намали на 1-2 и ја врати неизвесноста. Притисокот на домаќините продолжи, а наградата стигна во финишот. Матеус Куња во 83. минута го постигна израмнувачкиот гол, а само три минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелците за целосен пресврт и голема радост на „Олд Трафорд“.

Така, Манчестер Јунајтед успеа да извојува победа по пауза од девет натпревари во сите конкуренции, а ова му е втора во Лигата на шампионите.  

Интер забележа убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Феенорд. Италијанскиот тим одигра одличен натпревар и ги освои трите бода на тешкото гостување во Ротердам. Јан Бисек го отвори резултатот, а Франческо Пио Еспозито и Пјотр Зјелински ја потврдија победата на гостите.

Убедлив беше и тимот на ЛАСК, кој со 4-0 го совлада Слован Братислава, додека Бодо/Глимт и Лил одиграа без победник. 

Состави

Мајкл Керик

4-2-3-1

    Џанпјеро Гасперини

    3-4-3