ВИДЕО: Антологиска „паненка“ од слободен удар на терените во Мексико

Кога еден фудбалер ќе постигне посебен погодок, тоа предизвикува одушевување меѓу фановите, но овој кој го постигна Освалдо Мартинез на дуелот меѓу Сантос Лагуна и Атлас беше вистинска мајсторија и предизвика вистинска еуфорија како меѓу коментаторите, така и меѓу сите навивачи на стадионот.

Имено, Мартинез доби можност да изведе слободен удар, а тој тоа го направи со неверојатен обид - ја изведе популарната „паненка“ и од околу 18 метри го матира противничкиот голман.

Погледнете го спектакуларниот гол на Освалдо Мартинез, кој сигурно ќе биде и во конкуренција за наградата „Ференц Пушкаш“: