ВИДЕО: Антиќ е човекот кој го изнесе Просинечки на „голема врата“

Фудбалскиот свет беше погоден од веста дека почина еден од најголемите тренери од балканските простори, Радомир Антиќ. Искусниот стратег кој во кариерата ги водеше трите најголеми шпански клубови Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид имаше 71 година и остави огромен печат зад себе. 

Беше познат по многу нешта, даде значаен придонес во историјата на Атлетико Мадрид, а остана запамeтен по човекот кој ги водеше најголемите шпански ривали. 

Сепак, освен тоа Антиќ е човекот кој во 1991 година го „украде“ Роберт Просинечки од Црвена Звезда и го убеди тогашниот претседател на Реал Мадрид да го доведе во Шпанија. Тогаш младиот Хрват со само 22 години, но сепак со титула eвропски првак зад себе, премина во „кралскиот клуб“, кој важеше за најголем во историјата. 

Просинечки веднаш по доаѓањето во Реал се презентираше на „големата врата“, постигнувајќи гол од слободен удар, ни помалку ни повеќе туку во „Ел Класико“ против Барселона. 

  • Голот на Роберт Просинечки против Барселoна: 

Реал Мадрид со српски „мозок“ од клупата и со хрватски „мотор“ на средината од теренот играше одлично, но пресвртот се случи кога Антиќ беше отпуштен од претседателот Мендоза. По преминувањето во Реал Овиедо, српскиот стратег одново го зеде младиот Роби под своја палка во последната сезона. Веќе од 1995 година нивните патишта се разделија кога Антиќ го презеде Атлетико, а Просинечки го облече дресот на Барселона.