Анри со совет за Рашфорд: Учи од Левандовски, а потоа наследи го!

Поранешниот француски ас, Тјери Анри, даде интересна изјава за Англичанецот Маркус Рашфорд, кој неодамна го засили каталонскиот гигант, Барселона. 

Анри го нарече Рашфорд „неверојатно талентиран и луциден офанзивец“, порачувајќи му дека има шанса да биде дел од историска генерација на Барса, со најсилен напад во последните петнаесетина години. 

„Мојот совет за Рашфорд? Учи од Левандовски, а потоа наследи го. Имаш реакција, брзина, техника и квалитет. Рашфорд е неверојатно луциден офанзивец.

Може да биде дел од најсилниот напад на Барселона во последните петнаесет години. Оваа формација и овие играчи може да бидат и најдобри во историјата. Тоа ќе зависи само од нивниот учинок на теренот“, рече Анри. 

Рашфорд го постигна првиот гол за Барселона на натпреварот против корејскиот Даeгу и најави дека може да биде повеќе од солидно засилување за шпанскиот фудбалски гигант. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.