Анри пред Роналдо и Кантона – избран најдобриот странец во историјата на Премиер 

Мноштво фудбалски ѕвезди од Европа и светот оставиле голем траг во најбогатото и најнеизвесното клупско натпреварување на планетата, Премиер лига. Поранешни светски и европски шампиони биле миленици на фановите ширум терените во Англија, но дојде денот кога требаше да се избере најдобриот странец што некогаш заиграл во Премиер лигата. 

Елитниот британски медиум „Би-Би-Си“ спроведе анкета во која учествувале 2.016 фудбалери кои играле или сè уште играат во Премиер лигата, но по потекло не се од Островот. 

По неколку дневното гласање најголема поддршка од фановите доби поранешната ѕвезда на Арсенал, Тјери Анри (45% од гласовите). Второ место му припадна на Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед), кој има три пати помалку гласови во однос на Анри (14%), додека на третата позиција повторно е екс-фудбалер на Јунајтед, Ерик Кантона со 12% од гласовите.

  • Дел од мајсториите на Анри во дресот на Арсенал:

Во оваа анкета можеше и да се гласа по позиции. Па така, најдобар голман е Питер Шмајхел пред Петр Чех и Давид Де Хеа. Во одбраната највисоко котираше Винсент Компани пред Немања Видиќ и Јап Стам. Ронладо е избран за најдобар играч од средниот ред, пред Патрик Виера и Давид Силва, додека кај напаѓачите приматот најдобар заврши кај Анри, па следуваа Дидиер Дрогба, Кун Агуеро и Кантона.