Анри под импресии од француската ѕвезда: Тој е вонземјанин кој „дише фудбал“

Поранешниот ас на лондонски Арсенал, Тјери Анри, искажа огромно воодушевување од игрите на првата ѕвезда на Франција, Килијан Мбапе. Поранешниот луциден напаѓач имаше само пофални зборови за својот сонародник и рече дека „тој веројатно не е од оваа планета“.

Мбапе успеа да стигне до неверојатен учинок од 300 голови во кариерата и тоа му успеа многу побргу во однос на легендарните Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а Тјери Анри смета дека границите за него се непознати и едвај чека да види до каде може да стигне. 

„Тоа што го прави момчево е навистина неверојатно. Тој е од друга планета, поинаку не би знаел како да го опишам неговиот талент. Мбапе стрела, асистира, втрчува од сите страни и противниците мака мачат со него. Не велам дека кај него нема простор за уште поголем напредок, но тоа не во моментов не е поентата. 

Килијан е момче кое „дише фудбал“, за него границите се непознати. Погледнете како тренира и како се подготвува за секој меч, неговиот професионализам зачудува со секој изминат ден. Има играчи кои ниту на тренинг не успеале да стигнат до бројката од 300 голови, а тоа нему му успеа на силни официјални натпревари“, изјави легендата на францускиот фудбал. 

Тјери Анри од неодамна е селектор на У21 репрезнтацијата на Франција, а воедно се смета за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња. Најголемата слава ја стекна играјќи за Арсенал, а за „Галските петли“ настапи на вкупно 123 натпревари и постигна 51 гол. Очигледно, легендарниот офанзивец е преимпресиониран од квалитетите на Мбапе и скоро во секоја прилика ја искажува големата почит за најголемата ѕвезда на ПСЖ