Анри пак замина од Белгија, но со еден потег ги одушеви фановите!

Тиери Анри повторно работеше со Роберто Мартинез во таборот на репрезентацијата на Белгија за Европското првенство. „Ѓаволите“ имаа високи амбиции, но беа елиминирани од Италија во четвртфиналето. 

Поранешниот француски напаѓач работеше како помошник на Мартинез до Мундијалот во Русија, а потоа имаше авантура на клупата на Монтреал во Канада. На почетокот на оваа година, Анри замина од клубот и го прифати повикот пак да работи со Белгијците. 

По непланираната елиминација во втората нокаут рунда, Тиери Анри пак ја напушти репрезентацијата. Овојпат, Французинот реши дека не сака да ја земе платата за овие неколку месеци, а целосната заработка реши да ја донира во хуманитарни цели. Тој гест ги одушеви фановите на Белгија.