• Горан Упале

Данскиот стручњак Мајк Тулберг ќе биде привременото решение на позицијата тренер на Борусија Дортмунд, соопшти германскиот клуб.
„По отказот на тренерот Нури Шахин, Борусија Дортмунд одлучи Мајк Тулберг привремено да седне на тренерската клупа во сабота против Вердер Бремен. Од 2020 година, Тулберг е тренер во клубот на играчи до 19 години“, се вели во клупското соопштение.
Шахин утрово доби отказ по серијата од четири порази на Борусија Дортмунд во сите натпреварувања.
По заминување на Един Терзиќ и играчките промени, Борусија Дортмунд ја загуби физиономијата и повеќе не е недопирлива ни во Бундеслигата, ни во Лигата на шампионите.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.