Анхел Кореа со рекорден трансфер пристигна во славен аргентински гигант!

Аргентинскиот офанзивен фудбалер Анхел Кореа официјално премина од мексиканскиот Тигрес во Ривер Плата за сума од 13 милиони евра, со можни дополнителни два милиони преку бонуси.

Со овој премин, официјално стана најскапиот трансфер во историјата на аргентинскиот фудбал. Претходниот рекорд го држеше Кевин Кастањо, кој од Краснодар пристигна во истиот клуб за 12,6 милиони евра. Кореа со Ривер ќе потпише тригодишен договор. Во Тигрес одигра 54 натпревари, постигна 23 гола и забележа 14 асистенции.

Најголем дел од кариерата го помина во Атлетико Мадрид, каде од 2014 до 2025 година одигра 469 мечеви, постигна 88 голови и освои повеќе трофеи со мадридскиот клуб.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.