Англиските медиуми ја открија првата желба на Рангник во Јунајтед

Ралф Рангник го презеде кормилото на Манчестер Јунајтед и ќе има тешка задача да го „гасне огнот“ кој го остави Оле Гунар Солскјер. Германецот го презеде клубот со договор до крајот на сезоната, а доколку не остане на клупата како менаџер ќе добие улога во клупската управа. 

Англиските медиуми веќе ја идентификуваа првата желба на Рангник. Во својот тим во Манчестер, германскиот стручњак сака да го види Амаду Хајдара од РБ Лајпциг. Фудбалерот за врска кој има 23 години настапува за германската екипа од 2019 година. 

Хајдара веќе собра сто настапи за РБ Лајпциг, постигна десет погодоци и запиша шест асистенции. Тој настапува на централните позиции на средината од теренот и е прва идеја на Рангник. 

Иако РБ Лајпциг знае да биде добар преговарач, Рангник има одлични односи со клубот од Германија. Се очекува Манчестер Јунајтед да испрати понуда повисока од триесет милиони фунти за старт на преговорите.