• Саше Љолес
Англиските премиерлигаши „полудеа“ по нов бразилски талент, кој сезонава прикажува одлични игри во холандското првенство.
Се работи за 24-годишниот член на Феенорд, Игор Паишао, кој досега забележа учинок од 14 голови и 13 асистенции, со што го привлече вниманието на гигантите од Англија. Медиумите пишуваат дека Астон Вила веќе испратила понуда вредна 15 милиони евра, но се претпоставува дека Феенорд ќе сака далеку поголема отштета.
Во трката се вклучиле уште Ливерпул, Арсенал и Тотенхем, па затоа тука се очекува големо наддавање за услугите на Паишао, кој ја започна кариерата во домашната Коритиба. Во Феенорд е од 2022 година и досега постигна 28 голови во првенството.
Според холандскиот „ЕстСпорт“, Феенорд сигурно нема да го продаде за сума пониска од 35 милиони евра, особено поради фактот што понудите се зголемуваат со секој изминат ден. Паишао е офанзивно крило, но може да игра и како напаѓач.