• Саше Љолес
Управата на Интер е на чекор до ангажман на Џед Спенс од Тотенхем. Двата клуба се во напредни преговори за трансферот на англискиот дефанзивец, а договорот би можел да биде постигнат за сума од околу 30 милиони евра.
Спенс веќе ги договорил личните услови со италијанскиот гигант и е отворен за преселба во Милано. Интер во него гледа идеално решение за позицијата на десната страна, особено по заминувањето на Дензел Дамфрис во Реал Мадрид.
Тотенхем првично имаше повисоки барања, но разговорите во последните денови значително напредувале. Според последните информации, Интер испратил официјална понуда од 30 милиони евра, додека лондонскиот клуб бара околу 35 милиони.
Доколку двете страни ги усогласат последните детали, Спенс наскоро би можел да стане ново засилување на Интер. Англичанецот имаше импресивен настап на неодамна завршеното Светско првенство, каде настапуваше на неколку различни позиции во ротацијата на селекторот Томас Тухел.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.








