• Иван Димовски
Херојот на репрезентацијата на Англија до 21 година, Џејмс Трафорд ѝ одбрани пенал на Шпанија во 99. минута од натпреварот спречи израмнување и продолженија. Голманот на Манчестер Сити скроти пенал, а потоа имаше и уште една одбрана по одбиената топка. Англичаните успеаја да се извлечат во ситуацијата и го кренаа трофејот на Европското првенство.
Трафорд по натпреварот зборуваше за јавноста и откри дека уште пред финалето претчувствувал дека ќе одбрани пенал.
„Уште утрото пред финалето им кажав на сите дека ќе одбранам пенал. Кога го досудија, бев сигурен дека нема да примам гол. Тоа беше прилично лесно“, прокоментира Трафорд.
- Одбраните на Трафорд во 99. минута:
James Trafford’s 99th-minute penalty save to win England the title #U21EURO pic.twitter.com/YZeaUBt0iF
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) July 9, 2023
Шпанците имаат за што да жалат, бидејќи и голот кој го примија беше несреќен. По еден слободен удар на Кол Палмер, топката се одби од живиот ѕид и го измами голманот.