ВИДЕО: Англискиот голман Пикфорд учествувал во масовна тепачка пред паб во Сандерленд

Пикфорд

Екипата на Евертон го истражува потенцијалното учество во масовна тепачка на нивниот голман и англискиот репрезентативец Џордан Пикфорд.

Видеото кое кружи на Интернет покажува како 25-годишникот замавнува со тупаници во гужвата која настана пред паб во Сандерленд. Причина за оваа негова реакција биле вербалните напади врз неговата девојка.

Погледнете го видеото од тепачката:

Наводно, членот на „карамелите“ го гледал натпреварот на неговата поранешна екипа и потоа продолжил да се забавува во еден локал. 

Пикфорд пристигна на „Гудисон Парк“ во 2017 година за рекордни 30 милиони фунти. Со трансферот стана најскапиот англиски голман во историјата.