• Саше Љолес
Англиските медиуми не престануваат со пофалби за Енцо Мареска и неговиот совршен тактички пристап во финалето против ПСЖ на Светското клупско првенство.
„Сините“ небаре важеа за аутсајдери во мечот за трофејот, но успеаја да го детронизираат моќниот напад на парижаните со петорица во последната линија, а воедно беа и особено потентни во нападот и постојано создаваа шанси.
„Мареска одбра совршена тактика, петорката во последниот ред беше маестрална и не им дозволи на напаѓачите на ПСЖ да помислат на гол“, напиша спортскиот новинар Џим Аштон.
Челзи одигра феноменални 45 минути и водеше со убедливи 3-0 уште на паузата. Феноменално издание имаше Кол Палмер, кој впиша два гола и една асистенција, практично „самиот“ победувајќи го европскиот шампион.
Неговиот настап со многу суперлативи го објаснија највлијателните спортски медиуми на Островот.
„Палмер уште еднаш покажа дека може да биде меѓу најдобрите на светот. Одлично се вклопува во замислите на Мареска и може само да напредува под негово влијание. Челзи треба да се гордее со таков талентиран играч“, напиша британскиот „Сан“.
Тимот на Енцо Мареска ја комплетираше успешната сезона со два интернационални трофеи (Конференциска лига и Светско клупско првенство), а воедно избори и учество во Лигата на шампионите.



