• Саше Љолес
Англиските медиуми не престануваат да пишуваат за поразот на нивната репрезентација во финалето на Европското првенство. „Трите лава“ загубија со 2-1 од Шпанија и на тој начин повторно се сруши сонот за искачување на континенталниот трон.
Претставниците на „седмата сила“ не се воздржаа и напишаа наслови кои реално ја отсликуваат ситуацијата, жалејќи за новата пропуштена шанса на Европските првенства.
Пренесуваме дел од насловите во англиските медиуми:
„Сан": „Лавовските срца го загубија големото финале“
„Скај Спортс“: „Ојарзабал ни го скрши срцето, фудбалот повторно не се враќа дома“
„Метро“: „Лавовите рикаат од плач“
„Мирор“: „Чекањето продолжува, оваа шанса ќе ја сонуваме уште долго“
„Дејли Експрес“: „Горди сме, но повторно поразени во финалето“
Разочарувањето во јавноста е огромно, дел од фановите бараат итна оставка на селекторот Герет Сатугејт, но има и такви кои го поддржуваат и велат дека тој е најдобар од сите селектори во историјата.