Англиски фудбалер призна дека е геј: Сакам да бидам свој и слободен

Фудбалерот на Блекпул, Џек Даниелс, во телевизиско интервју за „Скај“ призна дека е геј и со тоа стана првиот професионален фудбалер од Обединетото Кралство што го направи тоа јавно. „Дејли мејл“ додава дека тој е единствениот активен британски фудбалер кој признал дека е хомосексуалец и вториот во светот.

Даниелс го направил тоа за да ја „откорне стигмата“ и додаде дека ја има целосната поддршка од соиграчите и клубот што се натпреварува во Чемпионшип.

„Постојаното лажење не е она што сакам да го правам. Со денови размислував како и кога да го направам тоа и чувствувам дека сега е вистинското време. Сакам луѓето да знаат кој сум вистинскиот јас. Се борев, но сега се чувствувам подготвен да бидам свој и слободен“, рече Даниелс.

Австралиецот Џош Кавало во октомври минатата година на Инстаграм објави дека е геј. Левиот бек на Аделаид Јунајтед ја раскажа својата приказна која ја започна со зборовите: „Сакам да споделам нешто лично со вас: Јас сум фудбалер и геј“.