• Горан Упале
Финалето на Комјунити Шилд го означува и почетокот на новата фудбалска сезона во Англија. Оваа недела на Вембли, Манчестер Сити и Арсенал ќе се борат за првиот трофеј во сезоната.
Сити минатата сезона испиша историја со освојувањето на тројната круна, заокружена со освојувањето на Лигата на шампионите. Пеп Гвардиола сака да го искористи моментумот и да ја продолжи минатогодишната доминација, поради што направи минимални промени во тимот. Додека се чекаше официјалното потпишување на Јошко Гвардиол, единствениот дојдовен трансфер на Сити е Матео Ковачиќ, кој пристигна како замена за Илкај Гундоган.
Од друга страна, Арсенал како вицешампион во Англија и главен конкурент на Сити за титулата минатата сезона, направи сериозни договори, а сето тоа со идејата дека Микел Артета има уште посилен состав на располагање. Јуриен Тимбер, Деклан Рајс и Каи Хаверц пристигнаа за повеќе од 200 милиони евра во еден од најсериозните потфати на трошење на „топџиите“.
Сите квоти во МОZZART за натпреварот Арсенал - Манчестер Сити
Хаверц и Тимбер сигурно ќе ја започнат средбата, додека Рајс е под знак прашалник поради ударот кој што го доби во претсезоната. Слични проблеми имаат и Фоларин Балогун и Александар Зинченко. Пеп би требало да го има речиси најсилниот состав на располагање, иако веројатно нема да ризикува со Кевин де Брујне, кој сè уште не е во натпреварувачка форма. Нејтан Аке исто така пропушти неколку подготвителни натпревари, па пореално е дека ќе биде фит за стартот на сезоната во Премиер лигата против Барнли.
Јасно е дека играчите на двата клуба сакаат да ја започнат новата сезона со пехарот во раце. Во двата минатосезонски првенствени пресметки меѓу овие ривали, паднаа голови на двете страни, но Сити на крајот убедливо победи. А во Комјунити Шилд, Сити е благ фаворит, а ако не верувате во победа на бранителот на титулата, пробај со голови на двете страни, дури и ГГ&3+.