Англиската „шестка“ не сакала еден тим во Суперлигата бидејќи не е популарен!

Суперлигата крена огромна прашина во фудбалскиот свет, а тоа е главна тема и во медиумите изминатите неколку седмици. Иако проектот беше најавен дека ќе стартува, поради притисокот отстапија шесте англиски екипи Манчестер Јунајтед и Сити, Арсенал, Ливерпул, Челзи и Тотенхем. По нив, истото го направија Интер и Милан, а отстапи и Атлетико Мадрид. 

Шпанскиот медиум „Кадена Сер“ открива дека англиските клубови во преговорите за натпреварувањето сакале да исфрлат еден клуб од комбинација. Се работи за Атлетико Мадрид, за кој англиската „шестка“ нема високо мислење и сметаат дека нема доволно фанови. 

Според Шпанците, гигантите од Англија ги навеле слабите бројки на социјалните мрежи на „јорганџиите“. Поради тоа, англиските претставници на клубовите сметале дека Атлетико не треба да биде вклучен меѓу најголемите екипи во Суперлигата.