• Иван Димовски
Англиски „Сан“ објави шокантни информации за неименуван клуб од Премиер лигата.
Полицијата според најавите упаднала на тренинг на овој клуб, а таму уапсиле фудбалер поради обвинение дека снимал сексуален однос со девојка без нејзина дозвола. Играчот кој е уапсен не е именуван, ниту клубот не сакал да ја коментира ситуацијата, меѓутоа Англичаните нагласија дека се работи за меѓународна ѕвезда.
Соиграчите при апсењето биле во шок, никој не знаел што се случува и сите мислеле дека се работи за шега.
Полицијата одзела два телефони за форензичко испитување, меѓутоа не се пронајдени спорните снимки. И самиот фудбалер бил задржан пет-шест часа, пред да биде пуштен поради недостиг на докази.