Англиската легенда нема да му биде менаџер на Миовски во Ренџерс

Глазгов Ренџерс се мачи да најде нов менаџер. Клубот од „Ајброкс“ се раздели со Расел Мартин по лошиот почеток на сезоната, но сè уште не го пронашле неговиот наследник.

Последниот што го одби Ренџерс е Стивен Џерард. Поранешниот играч на Англија и Ливерпул изјави дека не е време да се врати во Глазгов, откако веќе беше шеф на тренерскиот штаб на шкотскиот тим од 2018 до 2021 година.

Џерард седна да разговара со раководството на Ренџерс, но не можеше да постигне договор, најмногу поради моменталната ситуација во клубот. Преговорите беа позитивни, но Џерард одлучи да почека нова понуда.

Ренџерс има ужасен почеток на новата сезона, и е на осмата позиција на табелата во Шкотска со ист број бодови по седум кола, додека е без бодови во Лигата на Европа по два натпревари.