Англиската јавност го нападна Саутгејт: Моравме многу подобро против просечната Србија

Англиската спортска јавност не престанува со реакциите по синоќешниот натпревар на Европското првенство, во кој „трите лава“ ја совладаа Србија со минимални 1-0. 

Навивачите се прилично незадоволни од играта на Англија и сметаат дека избраниците на Саутгејт морале многу порано да го решат мечот, а дел од медиумите го нападнаа селекторот и пишуваат дека националниот тим се бранел во моментите кога требал да доминира. 

„Игравме против просечна селекција која моравме да ја победиме убедливо. Мислам дека нашите играчи беа на висина на задачата, но на моменти покажавме инфериорност. Србија се отвори и тргна офанзивно, а ние немавме одговор на таквата игра“, напиша новинарот Адам Ламбсон од таблоидот „Сан“. 

Фудбалските експерти и поранешните репрезентативци изразија задоволство од победата и му дадоа голема поддршка на Саутгејт, но предупредуваат дека Англија мора да прикаже многу повеќе ако сака да стигне до самата завршница на континенталниот собир.