Англиската федерација отвори постапка против исклучениот Френк Лампард

Фудбалската асоцијација на Англија покрена постапка против менаџерот на Дерби Каунти, Френк Лампард. Легендата на англискиот фудбал, а сега млад менаџер, доби црвен картон во 77. минута од дуелот со Ротерам.

Лампард ја напушти обележаната зона за да протестира против судиските одлуки. Обвинет е за непристојно однесување од страна на Фудбалската асоцијација на Англија, го очекува парична казна и можна суспензија на неколку натпревари. 

По седум кола Дерби Каунти не знае за реми и има четири победи и три порази и се наоѓа на седмото место н табелата во Чемпионшип.