Англиската ФА го суспендира судијата кој го навредуваше Јирген Клоп

Фудбалската федерација на Ангија покрена истрага против премиерлигашкиот судија Дејвид Кут поради навредливите коментари кои беа упатени на сметка на поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп. 

Судиската комисија веќе му изрече суспензија на својот колега во траење од триесет дена, а истата може да биде продолжена ако се утврди дека токму Кут е човекот кој во едно спорно видео го опишува Клоп со погрдни зборови. 

Кут најави жалба на одлуката, а конечното решение се очекува по прибирањето на сите докази во овој случај. Недоразбирањата меѓу Клоп и судијата датираат уште од пред неколку сезони, кога германскиот стратег јавно го обвини за лоша арбитража.