Во голем дел од земјите зимската пауза веќе пристигна и тимовите се подготвувват за пролетниот дел од сезоната. Сепак, не и Англија. На Островот, како по обичај, со години наназад се игра повеќе од било кој друг период. Со почеток од овој викенд, па сè до средината на јануари премиерлигашките тимови во првенството и купот ќе одиграат по седум натпревари. Значи, во просек по еден меч секој трет ден.