• Фудбалска понуда од соништата за Јаја Туре

    Според пишувањата на одредени медиуми од Англија, фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре, добил неверојатна трансфер понуда од Кина и по завршетокот на тековната сезона, големи се шансите тој да се пресели во тимот на Шангај СИПГ. 

  • Ешли Кол пред потпис со Астон Вила

    Поранешниот англиски репрезентативец и дефанзивец на Арсенал и Челзи, Ешли Кол најверојатно повторно ќе се врати во Премиер лигата по лошата епизода во Рим. Кол оваа сезона нема забележано ниту еден настап за Рома, и со тоа што не е пријавен во Лигата на шампионите, од клубот јасно му ставија до знаење дека за него нема место во тимот. Искусниот дефанзивец во јануари би можел да се врати во Премиер лигата, каде силен интерес за него покажува Астон Вила.

  • Клоп: Оваа зима нема да купуваме, имаме фудбалери на сите позиции

    Јирген Клоп, кој минува низ променлив период на клупата на Ливерпул, изјави дека нема намера да троши сериозни средства за нови фудбалери во зимскиот трансфер период.

  • „Црвените ѓаволи„ во агонија - Бурнмаут го сруши Јунајтед

    Фудбалерите на Бурнмаут забележаа голема победа во 16. коло од Премиер лигата, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-1.

  • Момчето кое го откри Ферги, му пресуди на Јунајтед

    Џошуа Кинг, кој како момче настапуваше во младинските категории на Манчестер Јунајтед и за кого големиот Сер Алекс Фергусон не ги штедеше пофалните зборови, во 54. минута му донесе водство на Бурнмаут од 2-1 во мечот против тимот на Манчестер Јунајтед. По кој знае кој пат, фудбалерот кој е „пречкртан“ го казнува својот бивш клуб.

  • 19-годишен Нигеријец го спасуваше Сити

    Два гола во продолжението и трилер завршница, во која Сити успеа да слави над екипата на Свонси со 2-1.

  • Ватфорд има нов рекордер

    Ватфорд поведе против Сандерленд со голот кој го постигна нивниот најдобар стрелец сезонава, Одион Игало во 4. минута од првиот дел.

  • Бони без милост за своите бивши

    Играчот на Манчестер Сит, Вилфред Бони, го постигна водечкиот гол за „сините“ на дуелот против својата бивша екипа, Свонси. Голот со глава, го постигна по нафрлена топка од корнер на Хесус Навас, во 26. минута. За прв пат откако премина меѓу „лебедите“ го казни својот бивш клуб.

  • Промашување на сезоната во Премиер лигата?

    Домашните навивачи беа со кренати раце, кога помислија дека Џером им донесе победа, а тој го направи ова...

  • Фудбалерите на Манчестер Ј. без Божикна вечера оваа година

    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед нема да ги поминат божиќните празници заедно, како што е обичај секоја година. Тие се одлучиле да ја одложат за следната година, традиционалната божиќна вечера, откако тимот испадна од Лигата на шампионите.   „Црвените ѓаволи“ претрпеа пораз на гостувањето кај Волфсбург и не успеаја да се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите. Момците на Ван Гал сега ќе мора да продолжат со своето учество во Лига Европа.   Ним сега не им е до славење, а според медиумите тимот донел одлуката без притисок од страна на менаџерот Луј Ван Гал. 

  • Швајнштајгер на „ладење“ три натпревари

    Дисциплинската комисија на Англискиот фудбалски сојуз го суспендираше играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бастиjан Швајнштајгер, поради удирање на противнички играч за време на натпреварот против Вест Хем Јунајтед во саботата. Швајнштајгер е казнет поради удир со лакт на противничкиот дефанзивец, Винстон Рајд за време на натпреварот на Олд Трафорд, кој заврши без голови. Главниот судија Марк Клатенбург не го виде инцидентот, а не го видоа ниту помошниците. Сепак во Англија и ТВ снимката е казнива и фудбалерот за врска ќе има непредвиден одмор за време на празниците.

  • Стариџ: Ќе се вратам многу побрзо од што мислите!

    Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, кој повторно се повреди и нема да може да игра до крајот на годината, изјави дека ќе се врати во игра побрзо од лекарските прогнози.

  • Пелегрини му носи партнер на Агуеро: Сити нуди 40 милиони за Икарди

    Манчестер Сити и менаџерот Мануел Пелегрини ќе се обидат да го купат напаѓачот на Интер, Мауро Икарди во текот на следното лето. Според миланскиот весник "Газета дело Спорт", Аргентинецот е еден од фудбалерите кои ќе бидат трансфер приоритети на "граѓаните", а во Интер не е веќе недопирлив.   Арсенал и Челзи од поодамна покажаа интерес за 22-годишниот голгетер, но според весникот, Сити е поблиску од конкуренти. Сепак постојат и неколку пречки за трансферот и најголемата од нив е дека Икарди има многу цврст однос со Интер.   Во последно време Манчини форсира систем на игра со Љајиќ и Јоветиќ, и Икарди кој беше прв клупски стрелец минататата сезона, се почесто ја грее клупата.  

  • Муту без влакна на јазикот: Мурињо е готов како тренер

    Некогашниот романски фудбалер и поранешен играч на Челзи, Адријан Муту, во медиумите излезе со остри коментари за неговиот бивш тренер, Жозе Мурињо.

  • Свонси го отпушти Монк, ќе го враќа Роџерс на клупата

    Велшкиот премиерлигаш, Свонси денес го отпушти менаџерот Гери Монк по серијата слаби резултати. „Лебедите“ на последните 11 натпревари забележаа само една победа и се наоѓаат на само еден бод до зоната за испаѓање. 

  • Фалкао кариерата ќе ја спасува во МЛС лигата

    Радамел Фалкао ниту во екипата на Челзи не успеа да се врати во вистинската форма, и на „Стемфорд Бриџ“ многу повеќе време поминува на клупата отколку на теренот. Веќе е извесно дека колумбискиот напаѓач ќе го напушти Лондон оваа зима, а во последно време сe повеќе и повеќе се зборува за неговото заминување во МЛС лигата.

  • Само што се врати, Стариџ пак се повреди

    Продолжува неверојатната серија на повреди на англискиот напаѓач и член на Ливерпул, Даниел Стариџ. По повредата на колкот, стапалото, коленото, сега настрада бутниот мускул.

  • Со 300.000 фунти неделно Челзи сака да го „ќари“ Ибрахимовиќ

    Интересот за 34-годишниот напаѓач не престанува, стигнуваат понуди од сите страни, а не се исклучува можноста да остане во ПСЖ. Најновата понуда стигна од лондонски Челзи, кој е подготвен на Ибрахимовиќ да му понуди плата од 300.000 евра неделно, за да го убеди напаѓачот да пристигне на „Стемфорд Бриџ“. 

  • Касорла успешно опериран, ќе паузира до март идната година

    Креативецот на Арсенал, Санти Касорла, вчера беше опериран на коленото, објави менаџерот Арсен Венгер. Шпанецот настрада на натпреварот против Норвич пред една недела и се соочи со ситуација да биде неопходен хируршки зафат, за да биде решен проблемот.

  • Стативите сојузник на Кристал Палас на „Гудисон“

    Во неизвесен и натпревар со силно темпо на „Гудисон парк“ во Ливерпул, Евертон и Кристал Палас играа без победник 1-1, во мечот со кој се затвори 15. коло на Премиер Лигата. „Карамелите“ беа подобар противник, а Рос Баркли и Ромелу Лукаку во три ситуации ја затресоа рамката од противничкиот гол. Сепак, на крајот, токму момците на Роберто Мартинез мораа да се борат за бод.

Pages