„Студено“ збогување на Њукасл со нивниот капитен кој замина во Арсенал
Начинот на кој Њукасл Јунајтед се збогуваше со Бруно Гимараеш предизвика големо внимание во Англија. Наместо емотивна порака за капитенот и еден од најважните играчи во новата ера на клубот, соопштението беше прилично „студено“ и најмногу се фокусираше на финансискиот аспект од трансферот.

