Вилшер: Се чувствувам како да сум направил круг, се вратив во клубот од моите почетоци
Поранешниот англиски репрезентативец и „десетка“ на Арсенал, Џек Вилшер, ја презеде функцијата главен тренер на Лутон Таун, објави англискиот клуб на својата веб-страница. Вилшер доаѓа откако беше помошник тренер во Норвич. Пред тоа, тој го водеше тимот на Арсенал до 18 години. Ова ќе биде негово прво назначување како главен тренер во сениорскиот фудбал.