Италијанецот Рикардо Калафиори влезе во историјата на Комјунити Шилд со гол постигнат само 23 секунди по почетокот на натпреварот меѓу Арсенал и Манчестер Сити.
Англискиот првак Арсенал на убедлив начин ја отвори новата сезона во Англија, откако во финалето на Комјунити Шилд го совлада Куп-освојувачот Манчестер Сити со 3-0 и го освои првиот трофеј во новата натпреварувачка година.