ФА Куп: Бранителот на тронот ја стартува мисијата со дуел против шестолигаш!
Во извлекувањето за третото коло во ФА Купот, актуелниот победник Кристал Палас ќе започне со одбрана на титулата против шестолигашот Маклсфилд. Ова е класичен „Давид против Голијат“ дуел, кој секогаш може да донесе возбуда и можност за големо изненадување.





