Денешниот ден го носи најскапиот фудбалски натпревар во светот, големото финале од плејофот во Чемпионшип на култниот „Вембли“ во кое ќе се сретнат Хал Сити и Мидлзброу. Победникот од дуелот ќе обезбеди директен пласман во Премиер лигата, но и неверојатна финансиска инјекција која надминува 200.000.000 евра. Сепак, овогодишната борба за влез во елитното друштво ќе остане запаметена по незапаметен скандал кој предизвика тотален хаос непосредно пред самиот натпревар.