ВИДЕО: Англија и Италија ќе се борат за финале на У20 Мундијалот

Репрезентацијата на Англија до 20 години го совлада Мексико со 1-0 и се пласира во полуфиналето на Светското фудбалско првенство во Јужна Кореја. Единствениот гол го постигна новото засилување на Ливерпул, Доминик Соланке во 47. минута.

Англија за првпат по 24 години се пласира меѓу најдобрите четири земји во споменатата возрасна категорија.

„Гордиот Албион“ за пласман во големото финале го очекува пресметката со Италија. „Азурите“ по продолжението ја елиминираа Замбија со 3-2, иако голем дел од натпреварот играа со човек помалку.