Англија не памети вакво нешто: Косово во „колевката на фудбалот“ играше како дома

Фудбалските репрезентации на Англија и Косово одиграа спектакуларен дуел со осум гола во Саутемптон (5-3), а гостинската репрезентација имаше невидена поддршка и „гордиот албион“ доживеа нешто што не памети.

Околу 20.000 навивачи на Косово дојдоа во Саутемптон од цела Англија, за да го бодрат националниот тим. Според информациите од Островот, нешто околу 15.000 успеале да дојдат до билети за влез на стадионот и да направат Косовците да играат како да се дома ако се земе предвид дека стадионот „Сент Мери“ има 32.000 седишта. Англичаните се одушевени од навивањето на Косовците и велат дека тие ја приредиле можеби најдобрата гостинска атмосфера досега.

Противникот на Македонија во Лигата на Нациите имаше серија од 15 натпревари по ред без пораз, но на истата ѝ дојде крај на Островот. Но, мора да се напомене дека Косово покажа заби и постигна три гола во мрежата на противникот, нешто што не се случило повеќе од една деценија.

Косово се уште има шанси за влез на ЕП 2020 преку групата, а доколку не се успее во тоа, следи меч со Македонија во Лигата на нациите, закажан во 2020 година.

Европско првенство, Квалификации, Група A
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 АнглијаАнглија 4 4 0 0 19:4 15 12
2 ЧешкаЧешка 1 5 3 0 2 9:8 1 9
3 КосовоКосово 1 5 2 2 1 10:10 0 8
4 БугаријаБугарија 5 0 2 3 5:11 -6 2
5 Црна ГораЦрна Гора 5 0 2 3 3:13 -10 2